|
Повеќе од 400 љубители на фолклорот го посетија добротворниот мултиетнички концерт кој Младински Совет Охрид го организираше како дел од активностите за прибирање на средства за реализација на програмата за превенција од психоактивни супстанци – алкохол, тутун и дрога.
На концертот учествуваа културно уметничкото друштво на турците ,,КАРДАШЛИК,, албанското културно уметничко друштво при основното училиште Братство – Единство од Охрид, КУД ,,ИЛИНДЕН ,, од с. Велгошти и културно уметничкото друштво на Египќаните од Струга ,, КЛЕОПАТРА,,
Низ игра и песна, младите Турци, Египќани, Албанци и Македонци ги презентираа обичаите, културата и традициите, кои се богатството на секоја етничка заедница.
Посетителите на концертот два часа уживаа во мултиетничкото шаренило кое претставуваше вистинско богатство на сцената во Центарот за култура ,,Григор Прличев,,.
Од продажбата на билетите за добротворниот концерт, собрани се 52.600.оо мкд, кои ќе бидат наменети за реализација на дел од програмата за превенција од психоактивни супстанци – алкохол, тутун и дрога.
Дел од билетите (360) ги откупија: МЈП Проаква-Водовод Охрид, Општа болница-Охрид, Здравствен дом Охрид, ЈП Комуналец Охрид, ЈЗУ специјална болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид, Сигурносни појаси СИ ПО Белчишта, Лихнида Охрид, МВР СВР Охрид, додека 166 билети беа продадени пред почетокот на концертот.
Фото дигитал МИКИ од Охрид и Кирил Шишкоски доброволно го потпомогнаа концертот, обезбедувајки фото документација, а министерството за култура на Република Македонија ја обезбеди салата во Центарот за култура во Охрид без надомест.
|