|
УСВОЕН ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ОХРИД |
|
Советот на општина Охрид на 60тата седница едногласно го усвои Младинскиот Акционен Локален План за општина Охрид. Со 16 гласови ЗА, сите советници кои беа присутни на седницата, ја искажаа довербата кон Младински Совет Охрид и сите релевантни институции кои во изминатите 8 месеци секојдневно работеа на креирањето на младинската политика и партиципација за следните 3 години.
Младински Совет Охрид ја искажува благодарноста кон Советот на општина Охрид и Градоначалникот Александар Петревски за искажаната доверба, како и на сите претставници на институциите и организациите кои се вклучија во подготовката на документот.
Младински Совет Охрид до крајот на 2008 година предвидува печатење на Локалниот Акционен Младински План и негова промоција, како и подготовка на оперативен план за реализација на дел од предвидените активности за 2009 година.
|