|
Волонтерите на Младински Совет Охрид, за децата во болницата за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо, организираа СПОРТСКИ ДЕН. Децата од болницата се забавуваа, се дружеа меѓу себе и се натпреваруваа меѓу себе играјки фудбал, кошарка, тенис и одбојка.
Повеќе од два часа децата во дневниот центар радувајки се, ги користеа спортските реквизити донација од ,,ДЕКСИКО,, Скопје. Задоволни од она што волонтерите на МСО им го овозможија, децата од коснозглобната болница, посакаа еден ден да станат спортисти и да се занимаваат токму со спортските дисциплине кои имаа можност да се забавуваат на спортскиот ден. Волонтерите на Младински Совет Охрид, сакајки да им го доближат спортското секојдневие во скоите следни аактивности планираат на децата од болницата да им овозможат посета на некои од спортските клубови во Охрид.
Младински Совет Охрид се заблагодарува на ,,ДЕКСИКО,, за играчките кои ги донираа за програмата ,,МЛАДИ ВО АКЦИЈА,,
|