|
Под мотото ,,РАЗНОВИДНОСТА РАЗВЕСЕЛУВА,, Младински Совет Охрид го организираше семинар на тема ,,ВЕШТИНИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА И НАДМИНУВАЊЕ НА СТЕРЕОТИПИТЕ И ПРЕДРАСУДИТЕ,,. Учесници на семинрот беа 20 млади Египќани, Албанци, Турци и Македонци од општина Охрид, кои изминатиот викенд ги совладуваа вештините за комуникација, ги надминуваа стереотипите и предрасудите кои постојат према одредена етничка заедница и разговараа за националниот идентитет, како карактеристика на секоја индивидуа.
Учесниците на семинарот воспоставија одлична соработка, и отворено зборуваа за проблемите кои ги имаат поради припадност во својата етничка група, како и за предностите што се Египќани, Албанци, Турци или Македонци.
Отварајќи повеќе теми кои не можеа да се обработат на овој семинар, групата предложи организирање на редовни средби кои ќе помогнат во воспоставување на подобра комуникација, но и во надминување на предрасудите и стереотипите кои постојат во општеството.
Семинарот се оддржа во градската библиотека ,,Григор Прличев,, во Охрид, а во рамките на програмата за промоција на мултикултурата, Младински Совет Охрид ќе организира мултиетничка вечер на која ќе биде презентирана материјалната, социјалната и духовната култура на четирите етнички заедници, а исто така и мултиетнички концерт на кој ќе настапат КУД на Египќаните, Албанците, Турците и Македонците.
|