|
МЛАДИНСКИ СОВЕТ ОХРИД ПРЕКУ ЛОКАЛНИОТ ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС ЌЕ ИСПРАТИ 8 МЛАДИ НА ВОЛОНТИРАЊЕ ВО 5 ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ И 2 ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ

ЈЗУ Општа болница, Специјална болница за за ортопедија и траумотологија Св. Еразмо - Охрид, ЈОУ Детска градинка ,,Јасна Ристеска,, ОУ Св. Климент Охридски, Градска библиотека ,,Григор Прличев,, ,,ПОРAКА,, и ,,ОПЦИЈА,, од Охрид се првите институции и здруженија на граѓани кои согласно Законот за волонтерство, преку Локалниот Волонтерски Сервис на Младински Совет Охрид ќе примат волонтери во периодот декември 2008-март 2009 година.
Волонтерите кои ќе бидат избрани во соработка со менаџментот на гореспоменатите институции и здруженија на граѓани, како и супервизорите кои ќе бидат назначени од институциите и здруженијата на граѓани кои ќе примат волонтери ќе учествуваат на обука која ќе се оддржи непосрено пред почетокот на волонтирањето.
Младински Совет Охрид, како волонтерска инфо точка која го отвора Локалниот Волонтерски Сервис, со сите избрани институции и здруженија на граѓани потпиша Меморандуми за соработка, пополнети се пријави за организирање на волонтерска работа, а подготвени се и програми за волонтирање. Волонтерите пополнуваат пријави за волонтирање, а пред почетокот на волонтирањето ќе бидат потпишани волонтерски договори, а волонтерите ќе добијат волонтерски книшки во кој ќе се заведува волонтерскиот стаж.
|