|
ЛАМП-Охрид доставен во Локалната Самоуправа, ЛАМП-Струга пред јавна расправа |
|
ЛОКАЛНИТЕ АКЦИОНИ МЛАДИНСКИ ПЛАНОВИ за Охрид и Струга, кои Младински Совет Охрид ги подготвува веќе 7 месеци се спремни да се достават до општинските совети.
После јавната расправа во Охрид, локалната самоуправа формираше работна група која на заеднички состанок со претставници на Младински Совет Охрид ги усогласи ставовите и мислењата во врска со документот и истиот е предаден на локалната самоуправа со цел да биде ставен на дневен ред на седницата на Советот која ќе се оддржи на 28 ноември 2008 година. Се очекува документот без проблеми да ги помине потребните процедури и да биде изгласан од страна на Советот. Со тоа општина Охрид ќе биде првата општина во Република Македонија која ќе го добие официјалниот документ кој ке помогне во креирање на младинската политика и партиципација.
Слична е и состојбата во општина Струга. ЛАМП за Струга ќе биде претставен пред стручната јавност во последната недела од месец ноември, а во текот на оваа недела интензивно ќе се реализираат закажаните состаноци со претставниците на Локалната Самоуправа на општина Струга, вклучувајки ги Градоначалникот, Секретарот, Советниците и раководителите на секторите кои имаат допирна точка со овој документ. ЛАМП Струга, според досегашниот тек на работите, се очекува да биде изгласан непосредно пред новогодишните празници, со што во целост ќе се реализираат предвидените активности од проектот за креирање на ЛАМП за Охрид и Струга.
|