|
Општата цел на проектот е постигнување на финансиска стабилност на организацијата за нејзино непречено функционирање, што би придонело за нејзино прераснување во младински центар, во кој младите ќе ги развиваат своите творечки и креативни вештини. Младинскиот Центар како проект на нашата организација би функционирал во засебни простории и во истиот би се реализираме повеќе активности, со кои младите ќе го исполнуваат своето слободно време, ќе творат, ќе работат и ќе се забавуваат. (Визијата на Младинскиот Совет е во догледен период да функционира како младински центар со воспоставени програми, финансиска стабилност со препознатлив имиџ во државата и партнер на локалната власт во решавање на проблемите со младите).
Конкретните цели се зајакнување на капацитетите на 10 long-term volunteers, членови на Младински Совет за организирање на истражување, застапување, лобирање и прибирање на средства преку организирање на тренинзи од страна на стручни лица, воспоставување на контакти и соработка со бизнис-секторот од Општина Охрид и нивно вклучување во реализација на активности кои ќе го подобрат животот на младите во општината, стекнување на доверба кај бизнис секторот и добивање на финансиска поддршка на организацијата, користење на стекнатите вештини при подобрување на имиџот на организацијата во локалната самоуправа, зголемување на бројот на волонтери кои ќе ја помагаат работата на организацијата и нивна едукација за вредностите на волонтерството и филантропијата, формирање на клуб на пријатели на младите.
Проектот преставува кампања за формирање на ,,клуб на пријатели на младите,, кој ќе функционира во рамките на Младинскиот Совет-Охрид и кој директно финансиски, логистички или институционално ќе ја помага работата на организацијата, а со тоа и на младите во општина Охрид. На почетокот на проектот реализирани се две обуки за членови на Младински Совет-Охрид и тоа обука за градење на партнерства со бизнис секторот и обука за Fundraising. Исто така организирана е средба на која ќе се формира тим кој ќе го работи и помага спроведувањето на проектот, на кој му беше извршена обука за спроведување на истражување. После завршените обуки и стекнати вештини за работа започна да се развива идејата за формирање на клуб на пријатели на младите, а се изработија и три програми за работа во 2008 година. Се направи истражување на локалниот бизнис сектор, дата база на локални бизнисмени со детални информации за тоа кој што работи, кои се нивните интереси, дали се препознатливи или не во средината во која работат по било какво донирање и сл. После тоа се направи план за организирање на средби со локалните бизнисмени, по што следеше реализирање на тие средби. На средбите се презентира Младинскиот Совет на Охрид, потребите на организацијата, како и целта на тие средби, односно зошто се бараат средства. Исто така се презентира и Занокот за донации и спонзорства. На секоја средба на бизнисмените им се даваат PR сетови кои содржат извештаи и материјали од работата на МСО. Исто така се одржуваат и средби со преставници на Локалната самоуправа, вклучувајки го Градоначалникот, Претседатачот на Советот, Секретарот на општината како и советничките групи, со цел истите да бидат запознани со проектната идеја, а исто така да помогнат при идентификација на потенцијалните донатори. Во периодот декември - јануари се реализираа и локални настани за прибирање на средства од индивидуалци ,,Поетско матине,, и ,,Следи го сонцето,, во кои ќе се вклучи поголема група на волонтери, а се продлабочи соработката со државните институции и училиштата во градот. на самиот крај на проектот ќе се организира донаторски коктел, на кој ќе се промовира КЛУБОТ НА ПРИЈАТЕЛИ НА МЛАДИТЕ.
Целна група во овој проект се локалните компании и национални групации, претставниците на локалната самоуправа, како подржувачи и промотори на иницијативата, медиумите и младите како крајни корисници на програмските активности кои произлегоа како еден од резултатите на овој проект и воопшто како целна група на МСО.
Проектот е финансиран од Програмата за грантови за филантропија, финансирана од Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) преку Институтот за трајни заедници (ИТЗ), а спроведувана од Центарот за институционален развој (ЦИРа). Координатор на проектот е Димче Каневче, асистентка Даниела Кузмановска, а лице за прибирање на средства е Билјана Митревска.
|