|
На финалниот натпревар во турнирот во мал фудбал за деца од 12 до 15 години, што се одигра во спортстската сала ,,Билјанини извори,, во Охрид, екипата на ОУ Братство Единство ,,ЛУНА,, го освои победничкиот пехар.
Пред повеќе од 500 гледачи, љубители на фудбалот, претежно ученици од сите основни училишта во Охрид, екипата ,,ЛУНА,, ја порази екипата ,,Фортуна ЈИК Маркет,, со резултат 5:4 (одигрувајки ги регуларните 40 минути со резултат 1:1, двете продолженија од по 5 минути со резултат 2:2 и шутирајки по 3 пенали со резултат 3:2)
Екипата на ,,ПРЕМИЕР,, го освои четвртото, а екипата на ,,НИПОН графика,, третото место.
За првите три екипи Младински Совет Охрид, оргнизатор на турнирот, обезбеди пехари и симболични награди, а за сите екипи кои зедоа учество на овој турнир дипломи.
Ристески Ѓоко, од екипата на ,,Фортуна ЈИК Маркет,, ја освои наградата за најдобар играч на турнирот, кој покрај добрата игра постигна резултат од 11 голови.
Турнирот во мал фудбал е дел од програмата за развој на рекреативниот спорт ,, СПОРТ ЗА СИТЕ-ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ ,, која ја спроведува Младински Совет Охрид.
|