|
Во рамките на програмата за ангажман на младите во заедницата ,,МЛАДИ ВО АКЦИЈА,, Младински Совет Охрид, за децата од болницата за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо од Охрид, организираше посета на претставата ПЕПЕЛАШКА.
Не криејки го своето задоволство, смеејќи се,
радувајки се и аплаудирајќи, децата уживаа во изведбата на претставата
ПЕПЕЛАШКА, која театарот при Центарот за култура ,,Григор Пеличев,, ја изведе за најмладата театарска публика.
За превозот на децата, нивните родители и персоналот од болницата, се погрижи РАДИО ТАКСИ МЕРЦЕДЕС, а влезот беше бесплатен, како резултат на добрата соработка на МСО и Центарот за култура ,,Григор Прличев,,.
|