Мени
Почетна
За Нас
Програми
Новости
Галерија
Донатори
Линкови
Контакт
Login





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Присутни
RSS Линкови
Преземете RSS:
Статистика

 

 

English
About Us
Пребарување
Анкета
Кој е најголемиот проблем на младите?
 
Последни коментари
D.Kanevche
Emilijaaaaaaa kj si sho te nemat na web stranava... mngu se prajsh...
Marija
Galicica si pominavme stvarno pre pre pre ubo....i sakam pak da ojme pozdrav do site od MSO 8)
elena i boni
ubo si pominavme i sakame pak da ojme. pre zakon bea site. mwa bey
MCO
Zdravo Kiki. Imame sliki od Galichica, poveli vo kancelarija, samo donesi CD za da gi prefrlime.  
Pozdrav od

 

 

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА РАБОТНАТА ВЕРЗИЈА НА ДОКУМЕНТОТ „ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ АКЦИОНЕН ПЛАН“

Младински Совет Охрид во рамките на проектот за подготовка на ЛОКАЛЕН АКЦИОНЕН МЛАДИНСКИ ПЛАН ја организираше јавната расправа по работната верзија на документот. На јавната расправа учествуваа повеќе од 50 учесници, претставници на Локалналната самоуправа, јавни институции, државни органи, здруженија на граѓани, како и претставници на охридските пратеници.

Документот привлече големо внимание кај присутните, кои во своите излагања ја потенцираа важноста од донесувањето на овој значаен документ, како и од потребата од негово имплементирање.

Советникот Петре Петрески Калимеро го пофали трудот на тимот кој успеа да го подготви документот и предлози во планот да се направат напори да се изнајде активност која ке го регулира вработувањјето на младите кои најчесто се вработуваат со договори на дело и стравуваат секојдневно за своите работни места.

Митре Велјаноски, претставник на локалната самоуправа ја пофали иницијативата и зборувајки за трудот кој е направен со подготовка на документот, потенцираше дека во делот на образованието, овој документ треба да предвиди воспоставување на чуварска служба во училиштата и реновирање на крововите. Исто така Велјаноски предложи да се обрне внимание на правната рамка на документот.

Антонио Белески од Секторот за економски развој предложи формирање на младински центар кој ќе претставува асоцијација на невладини организации која ке биде во тесна колерација со локалната самоуправа која ќе дава поддршка во функционирањето.

Претседавачот на Советот на општина Охрид, Владо Чингоски го поздрави подготвувањето на ЛАМП и задоволен од она што е сработено истакна дека доколку истиот биде предложен во мандатот на сегашниот состав на Советот, ќе биде изгласан, затоа што е потреба и реално подготвен документ.

Трајче Цветаноски од МВР-СВР Охрид, ја искажа подготвеноста да се вклучи во реализацијата на овој документ во сите сегменти, а делот кој го опфаќа нивниот сектор ќе биде целосно реализиран затоа што нивни претставници работеа на креирање на овој документ и претставува нивна обврска.

Зоран Здравковиќ од МЏ радио ја посочи важноста од вклучувањето на медиумите во реализацијата на ЛАМП и ја искажа отвореноста за МЏ, но и потребата од транспарентност на сите медиуми кон вакви иницијативи.

Славица Тримчева, професорка во охридската гимназија, истакна дека документот е добро подготвен но е премногу амбициозен, но дека бара голем ангажман, затоа што ова е прва ваква иницијатива која предлага конкретни ангажмани на младите на кои возрасните ништо не им имаат понудено. Овој документ, според Тримчева, дава одговор на прашанјето што треба да направиме и што може да се стори за да се подобри животот на младите. Решението на проблемите на младите е можно само со заедничко работење на сите кои работат со и за млдите.

Забелешките од јавната расправа ќе бидат вметнати во ЛАМП и по нивното вметнување ќе започне најзначајната фаза, застапувањето и лобирањето кај охридските советници, со цел документот да биде изгласан на седница на Советот на општина Охрид.

javna rasprava 

javna rasprava (01).jpg
javna rasprava (02).jpg
javna rasprava (03).jpg
javna rasprava (04).jpg
javna rasprava (05).jpg
javna rasprava (06).jpg
javna rasprava (07).jpg
javna rasprava (08).jpg
javna rasprava.jpg
 
 

 
< Претходно   Следно >
www.mladinskisovetohrid.org.mk