Младински Совет Охрид по кратка пауза повторно работи на програмата за ангажман на младите во заедницата „
МЛАДИ ВО АКЦИЈА “. Новиот тим кој ја реализира програмата подготви нова програма која ја прилагоди на возраста и на потребите на децата кои се на лекување во болницата за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо во Охрид.
Преку најразлични содржини, игри, вежби, организирано гледање на цртани филмови, читање на бајки, поезија и проза, децата во болницата ги учат боите, броевите, буквите од македонската азбука и сл, а со цел да им се доближува дел од она што можат да го видат нивните врсници, во дневниот центар ќе им се носат гости кои имаат најразлични професии, како и други деца кои ќе работат заедно со нив. Исто така ќе се запазува и концептот на организирање на посети надвор од болницата, со што програмата „
МЛАДИ ВО АКЦИЈА “ ја задржува идејата за доближување на светот кој нè опкружува и на децата кои дел од својот живот го поминуваат во болницата.
Едукатори во програмата „МЛАДИ ВО АКЦИЈА“ се
Наташа Џајкоска и
Јане Малинкоски.