Мени
Почетна
За Нас
Програми
Новости
Галерија
Донатори
Линкови
Контакт
Анкета
Како ви се допаѓа новиот дизајн на веб страната од мсо?
 
Login





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Присутни
Имаме 112 гости на оваа страница
RSS Линкови
Преземете RSS:
Статистика

 

 

English
About Us
Пребарување
Клуб на пријатели
galebce.jpg
        
За клубот
Нивоа на членство
Активности
Членови на клубот
Програми
Билтен на МСО за 2008


Последни коментари
siko
cestitki za aleksandar petreski toj pomognal i ke pomogne na nvo
dzana
ej dimce zs mi ja imas blokirano acountot moj ne mozam da vlezam inace sega sakam da ojme so tegjana vo resen pa posle v
dzana
hi za sega inace ke prajme ovde mnogu muabet 
ivana
pozz do MSO i imam edno prasanje:D koga slikite od seminarot vo Kocarev za aktuelnite ''poroci'' :D:D

 

 

ЛОКАЛЕН ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС
logoLVS.jpgМладински Совет Охрид, како Волонтерска Инфо Точка, формира ЛОКАЛЕН ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС.

Локалниот волонтерски сервис е замислен како структура која ќе  работи на развој и имплементација на квалитетен систем за волонтерски менаџмент и воедно ќе дава придонес за решавање на проблеми во локалната заедница со воспоставување на рамнотежа помеѓу потребите и понудата на човечки ресурси- волонтери.

Проектот предвидува партнерска соработка со Волонтерскиот центар на Македонија кој го раководи Младински Културен Центар од Битола со уште 4 партнерски НВОии од 4 градови во Македонија кои функционираат како локални канцеларии или Волонтерски инфо точки.

Проектните активности вклучуваат градење на структурата за ЛВС (мобилизација на човечки и логистички ресурси) и програмско јакнење на ЛВС (мобилизација на волонтери, развој на волонтерски позиции во јавните институции, НВОите и државните органи, можности за обука на волонтери и вработени во институциите, кампањи за промоција на ЛВС, практична имплементација на волонтерското искуство итн.).

Овие активности ќе придонесат за практична имплементација на Законот за волонтерство во Македонија што беше донесен на 2 јули 2007 година. Законот овозможува нови пристапи за организирано волонтирање и ги надминува поранешните состојби на непланско и неорганизирано волонтирање.

ЛВС ќе биде отворен за сите граѓани и потенцијални корисници на волонтерскиот сервис. ЛВС со своето фукционирање ќе влијае на позитивниот развој на граѓанското општество и неговите вредности преку стимулирање на активно учество на младите луѓе и сите граѓани во решавањето на проблемите во локалните заедници преку активно волонтирање.

Целта на ЛВС е овозможување на одржлив развој на волонтерството преку интегрирање на волонтерски програми во јавните институции, НВО и државните органи и придонес во спроведувањето на реформите во образованието и социјалната заштита преку имплементирање на законот за волонтерство на локално ниво.

Специфични задачи кои произлегуваат од проектот се: воспоставување и развој на локален волонтерски сервис (ЛВС) на ниво на Р.Македонија во рамките на Националниот Волонтерски центар (посредување при поставување на волонтери во јавни институции, НВО и државни органи, воспоставување на партнерства меѓу ЛВС и јавните иституции, НВО и државните органи со цел успешна имплементација на Законот за волонтерство и јакнење на граѓанското учество во развојот на локалните заедници преку волонтерскиот ангажман.

Проектот е поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија  и Балкан Trust for Democracy (BTD).
 
Координатор на Локалниот Волонтерски Сервис е Катерина Ситникоска
 
< Претходно   Следно >
www.mladinskisovetohrid.org.mk