|
ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ЗА ДЕЦА ОД 12 ДО 15 ГОДИНИ |
Во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт, Младински Совет Охрид го реализира турнирот во мал фудбал за деца од 12 до 15 години. Турнирот започна на 18 октомври со квалификациони натпревари на спортските терени на ОУ Св. Климент Охридски и Христо Узунови на кој учество зедоа 12 екипи со по 8 играчи.
На разигрувањето по бод систем во спортската сала во ОУ Христо Узунов играа екипите Нипон Графика, Кафе бар БЕКО, Премиер, Пицерија бар ЛУНА, Кинг бурек и Фортуна ЈИК маркет, а Премиер, Нипон графика, пицерија бар Луна и Фортуна ЈИК маркет обезбедија пласман во полуфиналето кое се одржа на 23 октомври.
Судии на натпреварите се Иво Христовски и Јоне Станкоски.
Во финалето, кое ќе се оддржина 1 ноември 2008 година за првото место ќе се натпреваруваат екипите Фортуна ЈИК маркер и кафе пицерија ЛУНА.
|