|
Поставени
30 цели - предвидени
132 активности за
решавање на
проблемите на
младите во
Струга
Младински Совет Охрид го реализираше вториот форум за млади во рамките на проектот за подготовка на ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ АКЦИОНИ ПЛАНОВИ ЗА ОХРИД И СТРУГА. Вториот форум се организираше во Струга, на кој активно учество зедоа 20 претставници од различни институции, локална самоуправа и НВО-ии.
На дводневниот форум, учесниците, врз база на осумте приоритети од Националната стратегија за млади на РМ, одредија 30 цели и 132 активности со
кои ќе се направи обид да се решат дел од проблемите на младите во Струга.
Форумот за млади за општина Струга се организираше како резултат на спроведеното истражување за потребите и проблемите на младите, при што беа опфатени 800 млади.ученици од основните и средните училишта, факултетите, политичките подмладоци, верските заедници И НВО-ии.
Најголем проблем според истражувањето,
а и според дискусиите на форумот за младите во Струга е квалитетот на
живеењето (42,6% од
вкупниот број
на испитаници), при што најчесто даваните одговори беа поврзани со социјалниот живот, потенцирајки го насилството и тепачките, крминалот, дискриминацијата и етничките поделби, а потоа следуваат здравството и
превенцијата (25%), вработувањето (15,2%), образованието (8.3%), културата (3,5%), информирањето (2.9%), младинското учество (1,9%) и
младинската работа (0.6%).
На форумот во Струга форирано е координативно тело кое ќе го превземе процесот за подготовка на Локалниот Акционен Младински План за Струга, при што првата последователна
активност е
организирање на
средби за
подготовка на
првата работна верзија на
документот, организирање на јавни
дебата, подготовка на финалната верзија на
ЛАМП и застапување за усвојување на ЛАМП во Советот на општина Струга.
Подготовката на документот доби подршка од локалната самоуправа на општина Струга.
|