Младински Совет Охрид, по трет пат се вклучува во реализација на едукацијата на децата од основните училишта за корисноста, значењето и опасностите од електричната енергија. Целта на проектот е на децата да им се овозможи дидактички методна едукација, соодветен на возраста на децата.
Целта на проектот е запознавање на децата со поимот електрична енергија, запознавање на децата со видовите на енергија кои се користат во домовите и изворите на енергија, упатување како безбедно да се користи енергијата, укажување на опасноста од ризикот од електричната енергија и начинот тие да се избегнат, потреба и начини на заштеда на електрична енергија и доближување на компанијата ЕВН која ја дистрибуира струјата до нивните домови.
Примарна целна група се децата од 3 и 4 одделение во сите основни училишта во Р. Македонија, а секундарна целна група се родителите на децата и наставниците по предметите запознавање на природата и општеството и запознавање на природата. Младински Совет Охрид проектот ќе ги реализира во основните училишта во Охрид, Белчишта, Струга, Ресен, Кичево Центар Жупа, Зајас, Осломеј и Дебар, како и во Лескоец, Рача, Подгорци, Подмочани, Мишлешево, Октиси, Стрелци, Србица, Грешница и Новак
Проектот се реализира преку едукативни часови со примена на инерактивни методи преку слики, прашања и вежби. Едукацијата ја реализираат три тимови на едукатори, координирани од регионалниот координатор, при што секое дете добива распоред на часови и подарок со логото на ЕВН Македонија АД. Подароците се доделуваат на принцип на еднаков третман кон сите деца, со нумерирање на типот на подарок и извлекување на бројчиња од страна на секое дете. Проектот е финансиран од страна на ЕВН Македонија АД, а координација на локалните партнери ја врши ,,КОНЕКТ,, од Скопје.
Проектот започна да се реализира на почетокот на месец октомври, и ќе се реализира во текот на учебната 2008-1009 година при што ќе бидат опфатени 1300 ученици.
|