|
"БЕЗБЕДНО НА ИНТЕРНЕТ" ПО ВТОР ПАТ |
|
Младински Совет Охрид започна со реализација на втората фаза од реализација на проектот "Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет".
Во рамките на проектот ќе се реализираат 12 едукативни рабоилници во кои ќе се опфатат 90 ученици од основните училишта ХристоУзунов, Кочо Рацин и Св. Климент Охридски во Охрид и 30 тинејџери од средношколскиот центар ЕМУЦ Св. Наум Охридски во Охрид, како и 120 родители и наставници од гореспоменатите училишта.
Едукациите имаа за цел да им објаснат на децата, родителите и наставниците колку е значајна заштитата на личните податоци, како тие можат да бидат искористени или злоупотребени од другите и на кој начин можат да се заштитат.
Едукациите ги реализираат Марија Пупиноска Гогова, професорка по информатика во училиштето Братство Единство, и Катерина Ситникоска од Младински Совет Охрид.
Проектот се реализира во периодот септември-ноември 2008 година.
Носител на проектот е фондацијата Метаморфозис , а финансиски е поддржан од Европската Унија .
|