|
ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ОХРИД ГОТОВ-ЗАПОЧНУВААТ ЈАВНИТЕ РАСПРАВИ |
|
Во рамките на проектот за изработка на Локални Младински Акциони Планови за општините Охрид и Струга, Младински Совет Охрид е во завршна фаза на подготовката на документот кој ќе ја креира младинската политика за општина Охрид.
После серијата состаноци на координативното тело за подготовка на ЛАМП - Охрид, подготвена е првата работна верзија, која ќе биде презентирана пред јавноста во форма на јавни расправи. Младински Совет Охрид предвидува организирање на 4 јавни расправи за претставници на јавни институции и за пошироката јавност.
Првата јавна расправа е организирана за претставниците на здравствениот сектор и на истата се дискутираше за приоритетот Здравство и превенција. Претставниците на здравствените институции со големо внимание ја следеа презентацијата на целите и активностите кои се предвидени во приоритетот Здравство и превенција и со свои конкретни предлози го надополнија планот, Подготовката на Локалниот Младински План го поддржа менаџерскиот тим на Општата болница во Охрид, предводен од Др. Љубен Анаудов и Г-ѓа Милијана Кескоска.
Младински Совет Охрид ги подготвува преостанатите три јавни расправи за општина Охрид, како и форумот за млади за општина Струга.
Проектот за изработка на Локалните Младински Акциони Планови за Охрид и Струга е поддржан од The Balkan Trust for Democracy.
|