|
ПЛАНИНАРСКИ ИЗЛЕТ "РАМНЕ 2008" |
|
Младински Совет Охрид, во рамки на програмата за развој на рекреативниот спорт го организираше третиот планинарски излет. Повеќе од 60 учесници, претежно ученици во основните училишта, но и љубители на планинарењето, се упатија од градскиот плоштад, преку маркираната планнарска патека, преку Студенчишта, Вршек, Глувчи Дол до селото Рамне на 960 метри надморска висина на највисоката точка на патеката на Франкофонијата. Попатно беа направени две паузи кои беа искористени за едукативни предавања за организирање на планинарска тура, исхрана во планина и планинарска опрема.
Планинарскиот излет се организираше по повод меѓународниот ден за чисти планини 26 септември.
Хотелот Миленниум Палас и Лозар Пелистерка за сите учесници обезбедија ланч пакети и освежување.
|