|
Во
партнерство со
Центарот за
интеркултурен дијалог од Куманово, Младински Совет
Охрид се вклучува во проектот ,,Целебратинг мултицултуралисaм,,. Целта на проектот е организирање на активности од областа на културата, кои ќе го промовираат мултикултурализмот, организирање на младите и нивна подготовка за почитување на разликите помеѓу различните етнички групи, нивно заедничко ангажирање и креирање на мултикултурни политики.
Во рамките на проектот организиран е пет дневен тренинг курс за анимација, а во периодот кој следува ќе се организираат локални настани кои ќе го промовираат мултикултуризмот, НВО-саем, и Мобилна фото изложба.
Проектот ќе овозможи мобилизирање на младите во промоција на мултикултуризмот, поттикнување, младите да го прифатат концептот на културни разлики и поддршка на НВО-ии и институциите во планирање И реализирање на заеднички активности кои ќе го промовираат мултикултуризмот.
Проектот е финансиски поддржан од мисијата на ОБСЕ во Република македонија, а во реализацијата на проектните активности се вклучени Катерина Ситникоска и Наташа Џајкоска, активистки на Младински Совет Охрид.
|