|
Под мотото ,,ЦРНО И БЕЛО,, Младински Совет Охрид, го организираше завршниот хепенинг во рамките на кампањата за промоција на различноста, човековите права и партиципацијата, ,,СИТЕ РАЗЛИЧНИ-СИТЕ ЕДНАКВИ,, што Советот на Европа ја реализира во повеќе од 40 држави. Хепенингот се оддржа на градскиот плоштад Св. Климент Охридски во Охрид со поставување на промотивни штандови на кои беа изложени производи од работилницата за изработка на накит, курсот за фотографија и литературната работилница.
На градскиот плоштад се одржа и перформансот ,,ЦРНО И БЕЛО,,
Во рамки на хепенингот се одржа и марш по старата охридска чаршија на кој учество зедоа 50 млади од Охрид, предводени од 4 тапанари кои држејки ритам ја предводеа групата која облечена во црни и бели маички, со мотото на кампањата.
Хепенингот е дел од проектот ,,ЦРНО И БЕЛО,, кој Младински Совет го реализираше во изминатиот период, организирајки креативни работилници и средби со младите од Охрид на кој ги промовираше трите столба на кампањата ,,СИТЕ РАЗЛИЧНИ-СИТЕ ЕДНАКВИ,,.
Проектот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.
|