|
Излет со бродот Лихнида за децата од болницата за трауматологијаи ортопедија Св. Еразмо од Охрид |
Во рамките на програмата за ангажман на младите во заедницата " МЛАДИ ВО АКЦИЈА " Младински Совет Охрид, организираше двочасовен излет со бродот Лихнида за децата од болницата за трауматологија и ортопедија Св. Еразмо од Охрид.
Групата составена од децата од болницата, дел од нивните родители, волонтери од Младински Совет Охрид и тимот кој ја реализира оваа програма имаа можност да пловат по Охридското Езеро, тргнувајки од градското пристаниште, преку Канео, Пештани и назад до градското пристаниште, разгледувајки го крајбрежјето, уживајки во убавините на езерото и природата.
За превозот на децата од болницата до градското пристаниште се погрижи Радио такси МЕРЦЕДЕС, а за освежувањето Мелница и пекарница ИЛИНЧЕ и КАЛАН компани, кои за децата обезбедија пецива и сокови.
|