|
Летни игри на вода - ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ |
|
Младински Совет Охрид, во рамките на програмата за развој на
рекреативниот спорт ги организира првите летни игри на вода “ИГРИ БЕЗ
ГРАНИЦИ” .
На летните игри на вода учествуваат 5 екипи кои се натпреваруваат во 5
забавно-рекреативни игри и тоа “жедната гостинка”, “водена кошарка”,
“влечење јаже”, “златна топка”и “штафета”.
Игрите на вода се одржуваат на базенот “Aqua Blue” во село Волино, а
донатори на игрите се ЛИХНИДА АД Охрид, PUPE KOMPANY Охрид, Базен Aqua
Blue и Ресторан Далга. Медиумски покровител е ТВ МОРИС.
На првиот ден од игрите (25.08.2008 година) се натпреваруваа екипите на
Црвениот крст од Охрид и на АМАК СП Бофор од Охрид. Победник е екипата
на АМАК СП Бофор.
Игрите на вода ќе се одржуваат до 28.08.2008 година, кога ќе се одигра
големото финале.
На летните игри на вода пријавени се и екипите “ЛЕТНА
БАВЧА КАНЕО” од Охрид и “ПАЛЕСИНЦИ” и “AQUA BLUE” од с.Волино.
За трите најуспешни екипи обезбедени се пехари, дипломи и симболични награди.
|