|
Летен камп „Охридско лето 2008“ |
|
Во рамките на фестивалот Охридско лето, Младински Совет Охрид го
организира летниот камп ОХРИДСКО ЛЕТО. Во рамките на кампот, 7
волонтери од 6 држави (Кореа, Русија, Германија, Чешка, Хрватска и
Австрија) секојдневно се ангажирани во реализација на тековните
фестивалски активности.
Волонтерите на кои ова им е прво вакво искуство
не го кријат задоволството од можноста која им е пружена да волонтираат
во еден од најпрестижните фестивали во светот, а воедно се воодушевени
од убавините на Охрид и гостопримството на Охриѓани.
Со вклучување на
интернационални волонтери во реализација на активностите, се дава нова
димензија на фестивалот која ќе се настојува да стане пракса и во
наредните изданија на овој реномиран фестивал.
Кампот се реализира под
лидерство на Емилија Наумоска.
|