|
Програмата за ангажман на младите во заедницата во текот на летната
сезона се спроведува во болницата за ортопедија и трауматолагија Св.
Еразмо во Охрид. 10 волонтери на Младинскиот Совет Охрид секој четврток
организираат едукативно-креативни работилници за децата хоспитализирани
во болницата.
Младите во болницата ги изучуваа основните вештини за развивање на
меѓусебно почитување и разбирање, развивање на позитивна слика за себе
како и потикнување на чувство на сопствена вредност и човечко
достоинство. Преку работилниците се развива и чувството на сигурност и
заштита, чувство на самодоверба, како и позитивна свест за себе,
меѓусебна доверба, почитување и разбирање на другите и личен раст и
развој на перцепцијата за себе.
Работилниците ги организира и
координира Даниела Кузмановска.
|