|
Летна школа за изработка на накит |
|
Во рамките на програмата „МЛАДИ КРЕАТИВЦИ“ Младински Совет Охрид, ја
организира летната школа за изработка на накит. Летната школа ја
посетуваат 15 млади
кои дел од слободното време сакаат да го поминуваат дружејки се меѓу
себе, совладувајки ги вештините и техниките за изработка на накит, се
запознаваат со материјалите и алатките кои се користат за изработка на
накит.
Летната школа започна со работа на 15 јули и ќе трае до 15 август 2008
година. Накитот кој го изработуваат учесниците на летната школа еднаш
во неделата се изложува на различни локации во градот со цел граѓаните,
домашните и странските гости да се запознаат со работата на Младински
Совет, со програмата за развој на креативност но и да се обезбедат
средства за реализација на понатамошните активности што ги предвидува
гореспоменатата прогама.
Летната школа ја раководи Димче Каневче.
|