.jpg) Во рамките на програмата за развој на креативност кај младите, а како дел од литературната работилница, Младински Совет Охрид, ја издаде првата збирка на песни и раскази ,, СЈАЈНИТЕ ВОДНИ СИНИЛА,,.
Збирката содржи 45 прозни и поетски творби од 45 млади автори, на
македонски, албански и турски јазик, кои беа промовирани на 4
донаторски промоции. Промоциите се оддржаа во спомен куќата на Христо
Узунов во Охрид во присуство на повеќе од 150 посетители.
На промоциите кои имаа донаторски карактер, собрани се 10.300.оо
мкд кои ќе се наменат за понатамошните активности на литературната
работилница.
|