|
Marshal Memorial Fellowship - Работна средба |
.jpg) Во рамките на пет дневната посета на Република Македонија, делегацијата на ,,Marshal Memorial Fellowship" оствари работна средба со претставници на Младински Совет Охрид. Средбата доаѓа како резултат на соработката помеѓу Младински Совет Охрид и The Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund.
Средбата се одржа во просториите на Младински Совет и на неа беше
извршена презентација на работата на здружението, по што беше отворена
дискусија по однос на одржаната презентација.
После работната средба се одржа панел дискусија за минатото и
иднинаната на трансатланската релација. Оваа панел дискусија беше
организирана во соработка со Советот на Европа.
,,Marshal Memorial Fellowship,, програмата се реализира од 1982
година со цел новите генерации на Европските лидери да се запознаат со
Американските институции и политики кои се креирани за претставници од
бизнис секторот, медиумите и здруженијата на граѓани.
Младински Совет Охрид го реализира проектот за изработка на ЛОКАЛНИ
МЛАДИНСКИ АКЦИОНИ ПЛАНОВИ за Охрид и Струга, кој е финансиски поддржат
од The Balkan Trust for Democracy проект на German Marshall Fund.
|