|
Во просториите на Црвениот крст во Струга, на 16.05.2008 година на
иницијатива на Младински Совет Охрид, формирана е коалицијата на млади
на општина Струга. Коалицијата на млади за општина Струга се формира
непосредно по формирање на коалицијата во општина Охрид со цел истата
заеднички да делува во идентификација на проблемите и потребите на
младите и во изнаоѓање на конкретни решенија, како и делување во
дефинирање на локалната младинска политка.
Формирањето на коалицијата доаѓа како резултат на организирање на
повеке средби со сите организации и институции кои работат со и за
младите на кои беа дистрибуирани информациите за изработката на
Локалниот Акционен План за младинска политика на општина Струга кој ќе
претставува стратешки документ за работа во наредните три години и кој
има за цел да ја стави во рамка градската политика кон младите.
Коалицијата на млади на општина Струга ја сочинуваат 15 претставници од 11 субјекти кои работат со млади.
Коалицијата за млади на општина Охрид ја сочинуваат:
1. Црвен крст Струга
2. МОДЕК
3. Здружение на Египќани ,,Еснафот,,
4. Парумба МКД
5. ДМУ Тодор Скалоски Тетоец - Струга
6. ОУ Браќа Миладиновци
7. ОУ Јосип Броз
8. СОУ Нико Нестор
9. Македонска Православна Црква
10. Демократска Партија на Албанците - младина Струга
11. ПЕИ - младинска организација
За коалицијата на млади интерес покажаа и сите преостанати
образовни институции како и политичките партии, но поради матурските
прослави и изборната кампања која што беше доста актуелна во периодот
на формирањето на коалицијата не присуствуваа на формирањето, но го
најавија нивото приклучување.
На членовите на коалицијата поделени им се акнетни прашалници со
цел да се утврдат проблемите и потребите на младите од општина Струга.
|