Започна реализацијата на новиот проект на
Младински Совет-Охрид ЗА НАСИЛСТВО ВО ВРСКА НА АДОЛЕСЦЕНТИ, "ТЕМНАТА
СТРАНА НА ЉУБОВТА"
Долгорочна цел на проектот е превенција од
насилството помеѓу младите, создавање на услови погодни за почитување
на човековите права и унапредување на родовата рамноправност. Равојната
цел е во согласност со Уставот на РМ, Законот за семејство кој
финкционира во РМ, во кој единствено се третира насилството,
националната стратегија за млади на РМ.
Долгорочна цел на проектот е превенција од
насилството помеѓу младите, создавање на услови погодни за почитување
на човековите права и унапредување на родовата рамноправност. Равојната
цел е во согласност со Уставот на РМ, Законот за семејство кој
финкционира во РМ, во кој единствено се третира насилството,
националната стратегија за млади на РМ.
Краткорочни цели се: Информирање на младите за можностите, причините и последиците од насилството во врска, Оспособување на младите за препознавање на насилството, развивање на механизми за соочување со насилството во врските и влијание на промена на ставовите кои го подржуваат насилството. Развивање и унапредување на вештини потребни за остварување на квалитетни врски.
Целна група се ученици и ученички од средните училишта во Охрид, Струга и Ресен, на возраст од 15 до 18 години, како директна целна група и родители, наставници и НВО како индиректни корисници.
На самиот старт на биде подготвен и испечатен прирачник за едукатори и едукаторки. Прирачникот ќе содржи воведен дел, теоретска рамка во која ќе биде опфатено родно условеното насилство и методологијата за работа, програма за превенција и едукација за насилство во адолесцентните врски која ќе биде преставена преку пет модули (љубов и врска, род и пол, моќ и насилство во врска, вештини потребни за воспоставување на квалитетна врска и човекови права - право на живот без насилство) групи за момчиња, зајакнување на девојките, работа со родители и наставници. На крајот ќе содржи прилози: Каде да се обратиме и Препорачана литература. Исто така ќе биде и испечатена брошурка ,,Темната страна на љубовта,, која ќе опишува љубовната врска на двајца млади адолесценти и проблемите во нивната врска. Од промотивните материјали ќе испечатиме презервативи и менструални календарчиња.
Со цел да се поттикне невладиниот сектор да размислува по ова прашање ќе се организира семинар за 30 преставници од младински невладини организации од Охрид, Струга и Ресен. На семинарот ќе се работи на темите: човекови права, насилство и ненасилство, и насилство во врска - превенција. На семинарот ќе се разговара за градење на мрежа на организации која ќе направи стратегија за понатмошна работа по завршување на проектот.
Програмата за превенција од насилство во врска ќе се реализира во Охрид ,Струга и Ресен со групи од 20 средношколци/ки. Програмата ќе биде од траење од 11 школски часа и ќе биде насочена кон усвојување на знаења потврдување на позитивни вредности и стекнување на вештини за развивање и одржување на квалитетна врска. Програмата ќе се реализира според прирачникот за едукатори/ки,и е осмислена така што во рамките на секоја целина ќе се комбинира теоретски и практчен дел што ќе поттикнува усвојување на вештини и свесност за одреден проблем. Програмата ќе се реализира во секој град одделно.
Проектот ќе продолжи со средби со наставници и родители со цел наставниците да се оспособат да можат да ги едуцираат учениците и да влијаат на промена на ставовите и однесувањата поврзани со родно условено насилство, а родителите преку родителски состаноци ќе се информираат за проблемот на насилство во адолесцентните врски ќе биде припремено кратко излагање за запознавање со проблемот и ќе бидат информирани за знаците според кои може да се препознае дека нивното дете е во наслина врска. За работа со родителите ќе се подготват работни листови: знаци на предупредување и како да разговараш со своето дете. Ќе бидат организирани три средби.
Сакајќи што повеќе да се доближиме до адолесцентите проектот предвидува и трибини во средношколските центри во Охрид, Струга и Ресен. Пред почетокот на трибините ќе биде организирана дистрибуција на промотивните материјали и брошурата ,,Темната страна на љубовта,, , а на трибините ќе се зборува за насилството во адолесцентните врски со можност за дебатирање. По одржување на трибините ќе се спроведе масовно анкетирање во средните школи со цел да се добијат сознанија со цел информираноста на младите со проблемот. Ќе бидат анкетирани 1000 средношколци. По анализирање на анкетите ќе се подготви финалната брошура која ќе содржи информации од реализирањето на проектот анализа од истражувањето како и резултатите од евалуацијата на проектот. На крајот е биде одржана завршна промоција на проектот презентирајки ја брошурата, како документација на проектот.
Координатор на проектот е Александра Груевска, а асистенти Димче Каневче и Флорентина Стерјовска. Проектот е финансиран од Фондацијата Институт Отворено Општество во рамки на Алумни грант Програм 2007
|