|
МСО на средба за вмрежување на организации кои работат на полето на развој на локалната филантропија |
|
Од 12 до 14 март 2008 година, претставниците на Младински Совет Охрид: Димче Каневче, Даниела Кузмановска и Билјана Митревска учествуваа на средбата за вмрежување на 14те организациикои во изминатиот период работеа на проекти за развој на филантропијата, раководени од Центарот за институционален развој , поддржани преку програмата за грантови за филантропија.
Средбата беше организирана со цел да се споделат искуства кои
организиите ги имаа стекнато во текот на реализирањето на проектните
активности за мобилизирање на локални ресурси, како и да се предложат
нови стратегии и насоки за понатамошно функционирање и развој на
локалната филантропија и меѓусебна соработка на организации и ЦИРа.
Средбата за вмрежување се оддржа во хотел Бистра, Маврово.
|