|
Претставници на МЛАДИНСКИ СОВЕТ ОХРИД учесници на промоцијата на кодексот
.JPG)
Во присуство на градоначалниците на Охрид и Ресен, Алкесандар Петрески и Димитар Бузлески, претставник на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, претседателот на Советот на општина Охрид, Владо Чингоски, членови на Советот на општината, претставници на Месните заедници и НВО, како и заинтересирани граѓани, денеска во салата на локалната самоуправа, од страна на проект – менаџерот и претставник на УНДП, Фатмир Муса и експертот Зоран Јачев, беше промовиран „Етичкиот Кодекс на Локалните функционери во Македонија“
За значењето на овој проект што го реализира ЗЕЛС со поддршка на УНДП,
зборуваше Фатмир Муса а за содржината на Кодексот и потребата од негова
изработка воведни напомени даде Зоран Јачев. Професорката по
филозофија, Соња Здравеска говореше за значењето на Етиката и нејзината
вредност во општеството и локалната самоуправа.
Етичкиот Кодекс ја доби недвојбената поддршка на градоначалниците
Петрески и Бузлески кои во таа смисла имаа и свои обраќања до
присутните. Промоцијата на Кодексот беше заокружена со општа дискусија
во која учествуваа десеттина дискутанти со свои укажувања, сугестии и
прашања во однос на потребата од изработката на Кодексот, начинот на
неговото имплементирање, дилемата за тоа дали е јавната свест на нивото
кое овозможува да се применуваат во пракса етичките и морални норми
содржани во Кодексот без истовремено да се применува законска норма
односно санкција.
На промоцијата на етичкиот кодекс учествуваа тројца претставници на
Младинскиот Совет: Флорентина Стерјовска, Илче Каневчев и Катерина
Ситниковска. На промоцијата на овој кодекс му предходеше самоотценување
на етичките стандарди на општина Охрид, на која учествуваше
Претседателот на Младински Совет Охрид, Димче Каневче.
|