|
Успешно спроведена граѓанската иницијатива ,"ДЕН НА ДРВОТО - Засади ја својата иднина" |
|
Акцијата ,,ДЕН НА ДРВОТО-засадија својата иднина,, успешно е реализирана и во Охрид. Повеќе од 2000 граѓани, ученици, студенти, претставници на НВО-ии, засадија 20.000 садници на две локациции Мауцкер и Требеништа.
Поддршка на акцијата во Охрид дадоа и Градоначалникот на општина Охрид
Александар Петрески, Амбасадорот на УНЕСКО Јордан Плевнеш, Министерот
Трајко Славески, Пратениците Мирјана Секуловска и Цветко Грозданов,
како и естрадните уметнички Адријана Алачки и Бади Бекир.
Во акцијата со повеќе од 20 волонтери се приклучи и Младински Совет
Охрид. Волонтерите на МСО, покрај тоа што засадија повеќе од 120
садници, беа вклучени во организација на акцијата како и во проколот.
|