|
Почеток на програмата за спорт и рекреација “Спорт за сите - Здравје за сите” |

Повеќе од 300 млади го одбележаа стартот на програмата " СПОРТ ЗА СИТЕ - ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ" . Тргнувајки од градскиот плоштад во Охрид, повеќе од 300 млади ученици од основните и средните училишта, со велосипеди и пешачејки, се упатија кон паркингот на плажата Горица 3 каде беше организиран спортски хепенинг, како дел од кампањата " ТИ СИ МОЕ СРЦЕ" што Црвениот крст, Младински Совет и Сојузот на училишни спортови од Охрид ја организираа по повод неделата на сцево садови заболувања.
Учесниците на хепенингот имаа можност да се дружат меѓу себе, да се
забавуваат учествувајки во турнирите во твистер, не лути се човече,
тенис, хокеј, а исто така и да бидат дел од едукативните активности
организирани од страна на црвениот крст.
За учесниците беше обезбедено свежо овошје и планински чај, како
симболика на почетокот на програмата за спорт и рекреација, која
Младински Совет симболично за започна на 1 март. Поддршка на програмата
дадоа Градоначалникот на општина Охрид Александар Петревски и
Раководителот на секторот за образование Митре Вељановски, наставници
по физичко образование, како и Клубот Лионс Десарети, со вклучување на
подмладокот Лео клуб.
|