|
Промовиран клубот на пријатели на младите |

Младински Совет Охрид на донаторски коктел го промовираше клубот на пријатели на младите. Пред повеќе од 50 гости, со презентација на младинските програми, и доделување на благодарници на донаторите кои ги поддржаа програмите, беше промовиран клубот на пријатели на младите, кој во иднина ќе претставува тело кое ќе функционира во рамките на Младински Совет и ќе обезбедува долгорочна поддршка на програмите кои ќе бидат реализирани во текот на 2008 година.
Членовите на клубот на пријатели на младите ќе работат на усовршување
на постоечките програми, како и предлагање на нови програми кои ќе
овозможуваат масовно вклучување на младите. На донаторскиот коктел,
пред гостите се обратија Димче Каневче, Претседател на Младински Совет
Охрид, Никица Кусиникова од Центарот за институционален развој и
Александар Петрески, Градоначалник на Општина Охрид. На донаторскиот
коктел присуствуваа донатори кои ги поддржаа младинските програми,
сопственици на компании со кои се во тек разговори за поддршка на
програмите, претставници на медиумите, НВО-ии, претставници на Ротари и
Лионс Десарети клубовите,како и претставници на национални институции
Дом на култура Григор Прличев и Градска библиотека Григор Прличев од
Охрид. Донаторскиот коктел се одржа во хотел Тино.
|