|
Донаторски коктел за промоција на КЛУБОТ НА ПРИЈАТЕЛИ НА МЛАДИТЕ |
|
Во пресрет на започнувањето на реализацијата на младинските програми, а како финализирање на кампањата за прибирање на средства за реализација на програмските активности од локалните компании, Младински Совет Охрид организира донаторски коктел на кој ќе се изврши промоција на "КЛУБОТ НА ПРИЈАТЕЛИ НА МЛАДИТЕ".
На коктелот ќе присуствуваат претставници на компании кои донираа
средства или материјани добра за реализација на програмите,
претставници на компании на кои им е извршена презентација на
програмите, а се очекува дефинирање на соработката, како и гости,
претставници на Локалната самоуправа, образовните институции, НВОии и
фондации.
Коктелот ќе се одржи во хотел Тино, на 28 февруари, со почеток во 19 часот.
(за подетални информации погледнете го делот за програми на МСО )
ПОКАНА
|