|
Со цел подигнување на нивото на свеста кај населението, а особено кај младата популација за опасноста од срцево-садовите заболувања и мозочните удари, како и значењето на здравиот начин на живеење за здравото срце, Црвен крст Охрид ја одбелезува неделата на срцево-садови заболувања.

Под мотото ,,запознај го ризикот, Вашиот начин на живот е Ваша најдобра
одбрана од срцево - садовите заболувања,, активисти на Црвен Крст Охрид
вршат типизирано предавање на учениците од основните училишта.
Кампањата се реализира од 21 до 28 февруари, а централен настан на
кампањата е организирање на велосипедски крос од центарот на Охрид до
паркингот на плажата Горица 3 и хепенинг на паркингот на плажата.
Центалниот настан ќе се одвива под од мотото "ТИ СИ МОЕ СРЦЕ" а во
реализацијата на настанот вклучени се Црвен крст Охрид, Сојузот за
училишни спортови и Младински Совет Охрид.

Настанот започнува во 10
часот на кејот на Охридското Езеро, кај споменикот на Св. Кирил и
Методиј, а на паркингот на плажата Горица 3 предвидено е организирање
на активности кои промовираат здрави животни стилови, ќе се
организираат и квизови, бесплатни здравствени прегледи, квизови, ќе се
спроведуваат анкети и ќе се даваат совети од стручни лица. Младите ќе
можат да се вклучат во игрите не лути се човече, аеробик, влечење јаже,
бадбинтон, хокеј на трева, скокање со јаже и сл.
Централниот настан ќе
се одржи на 01 март 2008 година.
|