|
МОБИЛЕН ПАРЛАМЕНТ ВО ОХРИД: Oхрид е подготвен за целосна децентрализација |
 На 16 февруари 2007 година во големата сала на општината Охрид се одржа средба на граѓаните со претставници на локалната и централната власт.
Средбата беше организирана на тема ,,Дали општината Охрид е подготвена за целосна децентрализација,,.
 На трибината учествуваа 50тина граѓани,
претставници на локалната самоуправа, месните заедници, советници,
НВО-ии, а на нивните прашања одговараа Градоначалникот на општина Охрид
Г. Александар Петрески, претседавачот на советот на општина Охрид Г.
Владо Чингоски и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Г. Цветко Грозданов.
Присутните ја искажаа спремноста и потребата општина Охрид да влезе во
втораа фаза од децентрализацијата потенцирајки ги резултатитите во
областа на образованието, туризмот, меѓуетничките односи, економија и
сл. а истото го потврди и градоначалникот Петревски кој ја истакна
спремноста Охрид да влезе во втората фаза, затоа што според
официјалните резултати и извештајот на ЗЕЛС и министерството за
финансии Охрид доби над 85% од вкупните бодови, за 2006 година по
вкупно остварените приходи е на второ место, а во изминатите три
години, буџетот бележи континуиран раст.
Единствениот проблем кој ја
спречува целосната децентрализација е долгот кој го има општината кон
доверителите. Пратеникот Грозданов, иако има желба Охрид да влезе во
втората фаза од децентрализацијата, смета дека општината не е
подготвена, и дека за предлозите кои ги дава градоначалникот (локалната
самоуправа да земе кредит или позајмица за враќање на долговите) нема
законска можност. предлогот на Грозданов е Охрид да се прогласи за
нестабилна финансиска општина. Претседавачот на советот на општина
Охрид Владо Чинговски истакна дека Охрид може да влезе во втората фаза
од децентрализацијата само ако постои политичка воља и од локалните и
од централните власти, но за жал истакна дека сега тоа не постои, а тоа
значи дека Охрид не може да влезе во втората фаза.
 Трибината е дел од четвртата фаза на проектот ,,Мобилен парламент,,
чија цел е доближување на граѓаните со пратениците и овозможување на
комуникација меѓу нив.
|