|
Во преполнетата сала на општина Охрид, на 14 февруари, 2008 година се одржа промоција на Проектот ,,Ден на дрвото, засади ја својата иднина,, кој всушност е национална Акција за пошумување низ цела Македонија. На промоцијата пред присутните зборуваа членови на координативното тело, кое пред одржување на промоцијата имаше средба кај Градоначлникот на општина Охрид Александар Петрески.
На средбата беа разменети мислења за локацијата каде треба да се спроведе акцијата, како и за други детали неопходни за реализација на акцијата која ќе се одржи на 12 март 2008 година.
Акцијата во општина Охрид ќе биде координирана од тим кој ќе биде составен од Претставници на локалната самоуправа, вклучувајки го Градоначалникот Александар Петрески, претставници на стручните служби, на јавното претпријатие Комуналец. Граѓанскиот сектор ќе биде координиран од страна на Димче Каневче, кој ќе го координира граѓанскиот сектор во оваа акција.
Проектот кој претставува граѓанска иницијатива е поддржан од Владата на РМ, ЗЕЛС, претставништво на ЕУ во РМ, Парламентот на РМ, како и голем број јавни личности меѓу кои Борис Трајанов, Есма Реџепова, Бубо Каров, Калиопи.
|