Стручна служба на Младински Совет Охрид
За извршување на административно - стручни, помошни и на нив
слични работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите
на МСО, се формира Стручна служба.
Со стручната служба на МСО раководи генерален секретар кој
го именува и разрешува Извршниот одбор, а правата, обврските и
одговорностите за работа на вработените во Стручната служба ги утврдува
секретарот на МСО во согласност со законските норми и Статутот.
Секретарот на стучната служба раководи со работата на
стручната служба и претставува работодавен орган кој ги извршува сите
права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи.
Секретарот е наредбодател и потписник на сметката на Здружението и е
одговорен за извршувањето на Финансискиот план и Програмата за работа.
Исто така се грижи за благовремено извршување на одлуките и
заклучоците донесени од Собранието и Извршниот одбор. Секретарот
склучува договори, спогодби во име и за сметка на МСО.
Секретар на Здружението е Флорентина Стерјовска
|