Извршен одбор
Извршениот одбор на МСО е извршен орган на Собранието во кој секој
член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот
на Здружението во согласност со Статутот.
Извршниот одбор на МСО брои 5 членови:
-
Даниела Кузмановска - Претседавач
-
Христина Бошалева
-
Весна Цветановска
-
Кирил Павлески
-
Билјанa Митревска
Извршниот одбор ги спроведува статутарните и програмските
задачи на МСО, како и одлуките и заклучоците на Собранието, донесува и
реализира годишна програма за работа, предлага измени и дополнување на
Статутот, донесува соодветни правилници,прифаќа спогодби и склучува
договори, свикува седници на Собранието и припрема материјали, именува
и разрешува Секретар на Здружението, донесува одлуки за формирање на
постојни комисии, и ја насочува нивната работа, организира и активно
учествува во организирањето на разни акции и манифестации, донесува
Одлуки за награди, пофалници и признанија, донесува Одлуки за набавка и
оттуѓување на основните средства, дава согласност на Правилникот за
организација на работите и работните задачи на стручната служба на МСО,
донесува Одлуки по приговори и жалби, извршува и спроведува Одлуки и
препораки донесени на Собранието, доколку има можност, вработува и ја
надгледува работата на вработените во организацијата, врши и други
работи кои произлегуваат од потребите на Статутот на Здружението и од
Законот. Извршниот одбор се состанува еднаш месечно, а ако се јави
потреба состаноци се закажуваат согласно на потребата.
|