Собрание:
Собранието на Младински Совет Охрид го сочинуваат 20 активни членови
на Здружението, а мандатот на претставниците трае една година.
Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.
Собранието го донесува Статутот на МСО и врши измени и дополнувања на
истиот, избира и разрешува членови на Извршниот одбор (и на други
органи кои здружението смета дека треба да формира) избира и разрешува
членови на Надзорен орган, усвојува програмска ориентација за работа на
Здружението за период од 3 години, операционизирано во Стратешки
планови, програми и акциони планови, го разгледува и усвојува
извештајот за работа на Извршниот одбор помеѓу две собранија, ја следи
материјално-финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија,
донесува финансиски план и усвојува завршна пресметка на Здружението,
расправа за постигнатите резултати од развојот на Здружението и дава
насоки за натамошен развој на Здружението, донесува одлуки, заклучоци,
препораки за решавање на прашања од интерес на Здружението, решава за
формирање на ограноци на Здружението и врши и други работи кои
произлегуваат од Статутот и Законите.
|