Мени
Почетна
За Нас
Програми
Новости
Галерија
Донатори
Линкови
Контакт
Анкета
Како ви се допаѓа новиот дизајн на веб страната од мсо?
 
Login





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Присутни
Имаме 9 гости на оваа страница
RSS Линкови
Преземете RSS:
Статистика

 

 

English
About Us
Пребарување
Клуб на пријатели
galebce.jpg
        
За клубот
Нивоа на членство
Активности
Членови на клубот
Програми
Билтен на МСО за 2008


Последни коментари
siko
cestitki za aleksandar petreski toj pomognal i ke pomogne na nvo
dzana
ej dimce zs mi ja imas blokirano acountot moj ne mozam da vlezam inace sega sakam da ojme so tegjana vo resen pa posle v
dzana
hi za sega inace ke prajme ovde mnogu muabet 
ivana
pozz do MSO i imam edno prasanje:D koga slikite od seminarot vo Kocarev za aktuelnite ''poroci'' :D:D

 

 

Органи на Младински Совет Охрид



Собрание:

    Собранието на Младински Совет Охрид го сочинуваат 20 активни членови на Здружението, а  мандатот на претставниците трае една година. Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно. Собранието  го донесува Статутот на МСО и врши измени и дополнувања на истиот, избира и разрешува членови на Извршниот одбор (и на други органи кои здружението смета дека треба да формира) избира и разрешува членови на Надзорен орган, усвојува програмска ориентација за работа на Здружението за период од 3 години, операционизирано во Стратешки планови, програми и акциони планови, го разгледува и усвојува извештајот за работа на Извршниот одбор помеѓу две собранија, ја следи материјално-финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија, донесува финансиски план  и  усвојува завршна пресметка на Здружението, расправа за постигнатите резултати од развојот на Здружението и дава насоки за натамошен развој на Здружението, донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на Здружението, решава за формирање на ограноци на Здружението и врши и други работи кои произлегуваат од Статутот и Законите.

Извршен одбор:

    Извршениот одбор на МСО е извршен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на Здружението во согласност со Статутот.

    Извршниот одбор на МСО брои 5 членови:

  •     Даниела Кузмановска - Претседавач
  •     Христина Бошалева
  •     Весна Цветановска
  •     Кирил Павлески
  •     Билјанa Митревска
      
         Извршниот одбор ги спроведува статутарните и програмските задачи на МСО, како и одлуките и заклучоците на Собранието, донесува и реализира годишна програма за работа, предлага измени и дополнување на Статутот, донесува соодветни правилници,прифаќа спогодби и склучува договори, свикува седници на Собранието и припрема материјали, именува и разрешува Секретар на Здружението, донесува одлуки за формирање на постојни комисии, и ја насочува нивната работа, организира и активно учествува во организирањето на разни акции и манифестации, донесува Одлуки за награди, пофалници и признанија, донесува Одлуки за набавка и оттуѓување на основните средства, дава согласност на Правилникот за организација на работите и работните задачи на стручната служба на МСО, донесува Одлуки по приговори и жалби, извршува и спроведува Одлуки и препораки донесени на Собранието, доколку има можност, вработува и ја надгледува работата на вработените во организацијата, врши и други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот на Здружението и од Законот. Извршниот одбор се состанува еднаш месечно, а ако се јави потреба состаноци се закажуваат согласно на потребата.

Претседател:

    Претседател на организацијата избира Собранието на период од две години, со тоа што по истекот на периодото, може повторно да биде избран. Претседателот на организацијата во исто време е Претседател на Собранието.

    Претседател на здружението е Димче Каневче

Стручна служба на Младински Совет Охрид

         За извршување на административно - стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите на МСО, се формира Стручна служба.

        Со стручната служба на МСО раководи генерален секретар кој го именува и разрешува Извршниот одбор, а правата, обврските и одговорностите за работа на вработените во Стручната служба ги утврдува секретарот на МСО во согласност со законските норми и Статутот.

         Секретарот на стучната служба раководи со работата на стручната служба и претставува работодавен орган кој ги извршува сите права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи. Секретарот е наредбодател и потписник на сметката на Здружението и е одговорен за извршувањето на Финансискиот план и Програмата за работа. Исто така се грижи за благовремено извршување на одлуките и заклучоците  донесени од Собранието и Извршниот одбор. Секретарот склучува договори, спогодби во име и за сметка на МСО.

    Секретар на Здружението е Флорентина Стерјовска

Надзорен орган:          

    Надзорната комисија врши контрола над спроведувањето на одредбите од Статут и контрола за наменско располагање со средствата и приходите на МСО. Надзорната комисија се состои од три членови, кои не мора да се и членови на Здружението.
          Своите наоди и одлуки Надзорната комисија го доставува до Собранието и Извршниот одбор на МСО од Охрид.

    Членови на надзорниот орган се:
  •     Оливера Василева
  •     Илче Каневче
  •     Катерина Стевоска

   


 
www.mladinskisovetohrid.org.mk