Младински Совет-Охрид низ процесот на стратешко планирање дефинираше три стратешки определби кои соодветствуваат со дефинираната визија и мисија. Направена е поделба преку стратешките определби која овозможува од една страна да се адресира потребата за континуиран внатрешен развој на МСО, а од друга страна да се делува на младите како целна група.
При дефинирање на временскиот период за имплементација на деталниот стратешки план, посветено е внимание во периодот на зајакнување на сопствените капацитети за надградба на базата, активностите да се сконцентирирани, а додека во понатамошниот тек, постои распоред според потребите на внатрешен развој, потребите на целната група и расположивите човечки ресурси и финансии.
Од аспект на ресурси потребни за имплементација на Стратешкиот план, глобално земено се дефинираа потребните технички, човечки и финансиски ресурси. Нивнато детално планирање е предвидено во детални акциони планови, кои се составендел од Стратешкиот план, а дел ќе биде опфатен преку годишното планирање
СТРАТЕШКА ОПРЕДЕЛБА 1
ЗАСТАПУВАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ ЗА МЛАДИНСКА ПОЛИТИКА И ПАРТИЦИПАЦИЈА НА ЛОКАЛНО НИВО
Цели:
- Изградба на партнерство со Локалната самоуправа
- Подготовка на Локален акционен план за младинска политика и младинска партиципација
- Воспоставување на функционален градски центар за млади
- Учество на младите во процесот на донесување на одлуки
- Координирње на процесот на имплементација на Локален акционен план за младинска политика и младинска партиципација
СТРАТЕШКА ОПРЕДЕЛБА 2
КОНТИНУИРАН РАЗВОЈ НА КАПАЦИТЕТИ И ПРОГРАМИ
Цели:
- Формирање на центар за обука
- Функционалност на центарот за обука
- Изработка на програма за работа
СТРАТЕШКА ОПРЕДЕЛБА 3
ФИНАНСИСКА ОДРЖЛИВОСТ И СТАБИЛНОСТ
Цели:
- Долгорочна финансиска одржливост
- Функционални програми за генерирање на приходи
|