Во присуство на над 150 гости-соработници, пријатели, волонтери,
сегашни и поранешни активисти, Младински Совет Охрид, на пригоден начин во
одбележа 10годишниот јубилеј.
Со коктел, роденденска торта и шампањ Младински Совет ги
почести своите долгогодишни соработници, кои не го криеа задоволството што се
дел од овој несекојдневен настан.
По повод десетгодишниот јубилеј, Претседателот на
Младински Совет Охрид, Димче Каневче, додели 10 плакети и скромни подароци на исто
толку личности и институции кои оставиле значајно место во историјата на
здружението.
Плакетите ги понесоа: г. Цане Кузевски, г. Никола
Маневски, Д-р Цветанка Гашоска, Проф. Д-р Пере Аслимоски, Радио Охрид, УСАИД,
г-ца Никица Кусиникова, ТЦГ Леарница, Пратеникот Александар Николовски и
Градоначалникот на општина Охрид Александар Петрески.
На роденденскиот коктел присуствуваа голем број
претставници на сите институции и организации, како и медиуми со кои Младински
Совет континуирано соработува и развива партнерства.
Младински Совет Охрид, уште еднаш на сите соработници,
партнери и искрени пријатели им се заблагодарува за честитките.