Мени
Почетна
За Нас
Програми
Новости
Галерија
Донатори
Линкови
Контакт
Анкета
Како ви се допаѓа новиот дизајн на веб страната од мсо?
 
Login





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Присутни
Имаме 10 гости на оваа страница
RSS Линкови
Преземете RSS:
Статистика

 

 

English
About Us
Пребарување
Клуб на пријатели
galebce.jpg
        
За клубот
Нивоа на членство
Активности
Членови на клубот
Програми
Билтен на МСО за 2008


Последни коментари
siko
cestitki za aleksandar petreski toj pomognal i ke pomogne na nvo
dzana
ej dimce zs mi ja imas blokirano acountot moj ne mozam da vlezam inace sega sakam da ojme so tegjana vo resen pa posle v
dzana
hi za sega inace ke prajme ovde mnogu muabet 
ivana
pozz do MSO i imam edno prasanje:D koga slikite od seminarot vo Kocarev za aktuelnite ''poroci'' :D:D

 

 

Лична карта


Здружението е формирано на 8 декември 1999 година, а како правен субјект започна да функционира на 24 фебруари 2000 година.

Со Младински Совет-Охрид како највисок орган раководи Собранието, а од редовите на своите преставници се избира Извршен Одбор, кој претставува извршен орган на Собранието. Работата на здружението ја прати и надзорен орган.

Младински Совет-Охрид од своите редови избира Претседател, а здружението го застапува и Генералниот Секретар.

За успешно работење Младински Совет-Охрид изработува годишна програма за работа, а реализирањето на предвидените активности ги реализира со работа по сектори. Секој сектор има раководител, а за реализација на проектите се вклучуваат волонтери.

Визија:

    Младинскиот центар од Охрид е развиен младински центар, лидер во младинската политика во регионот и партнер со локалната власт, со препознатлив имиџ во државата; центар со стабилна финансиска структура, постојано вработување и изграден систем на унапредување и наградување; Младите од Охрид секојдневно ги користат услугите на центарот, учествуваат во креирањето на локалната политика и преку свои претставници партиципираат во донесувањето одлуки

Мисија:

    Младински совет-Охрид работи на афирмирање на младите заради промоција на нивните интереси, развивање на креативоста и иницијативноста, во правец на градење и унапредување на младинската политика и младинската партиципација на локално ниво.

Вредности и принципи:

  • Меѓусебна поддршка
  • Промовирање на младите како ресурс
  • Волонтерство
  • Младински активизам
  • Младинска партиципација
  • Демократија
  • Меѓусебна доберба и соработка
  • Транспарентност
  • Организирање и вклучување на младите
  • Информираност
  • Застапување и лобирање за младинска политика
  • Развој на заедницата
   
    Во периодот од формирањето до денес здружението има изработено повеќе проекти кои наидоа на голем интерес посебно кај младата популација од кои  најзначајни се:

  • Да ги заштитиме младите од пороци,, едукативна кампања
  • ...,,Затоа што и децата имаат свои права,,
  • ,,Велигденско јајце,, хуманитарна акција
  • ,,Демократија, идентитет, конфликти толеранција,,
  • ,,За Охрид со љубов и чисто срце
  • ,,Заокружи и добиваш,, Едукативна кампања за локални избори
  • ,,ГИГАНТ,, - мониторинг на локални избори
  • ,,Охрид каков што го сакаат младите,,
  • ,,Вавилон,, - центар за деца и млади
  • Еко- хепенинг за Денот на планетата земја
  • ,,Децата рекоа НЕ на пушењето!,,
  • ,,За насилство нема оправдување,,
  • ,,Мир за Македонија,,
  • ,,Туристичко-еколошки БОН-ТОН,,
  • ,,Еко-ТРИ ,,Б,,
  • ,,Сообраќајна култура,,
  • ,,МИРамиДА,,
  • ,,Охридска МИРамиДА,,
  • ,,Мобилен парламент,,
  • ,,Охрид каков што не го знаете,,
  • ,,Волонтери - драгоцени соработници,,
  • ,,Самовработување во сопствен бизнис,,
  • ,,Школа за демократија,,
  • ,,Македонија без шенген,,
  • ,, Чекор по чекор до демократија,,
  • Хуманитарна новогодишна акција за Специјална детска болница-Охрид
  • Хуманитарна акција за поплавените Роми во Велес
  • Хуманитарна акција за Специјална детска болница - Охрид
  • Хуманитарна акција  ,,Ова срце сака и понатаму да чука,,
  • Хуманитарна акција за Ромите во Меџитлија

Младински Совет-Охрид работи на:

  • Мониторинг на претседателски избори
  • Мониторинг на парламентарни избори
  • Мониторинг на локални избори
  • Мониторинг на референдум
Младински Совет Охрид е:

  • Регионална канцеларија на ГА ,,МОСТ,, за мониторинг на избори во Република Македонија
  • Регионална канцеларија на коалиција на младински НВОи ,,СЕГА,,
  • Волонтерска Инфо  точка, за градење на волнтерски центар во Република Македонија


 
www.mladinskisovetohrid.org.mk