РЕКРЕАТИВНО - ДРУШТВЕНАТА ИГРА ,,ГРАНИЧАР,, ПОВТОРНО АТРАКТИВНА ЗА МЛАДИТЕ
Младински Совет Охрид по трет пат ја организираше
рекреативно – друштвената игра ГРАНИЧАР. Ученици од 6 основни училишта од Охрид
(Григор Прличев, Христо Узунов, Братство-Единство – Лескајца и Братство
Единство – крст џамија), Лескоец (Ванчо Николески) и Велгошти (Живко
Чинго)викендов го одиграа турнирот во
оваа се по популарна игра. Турнирот се оддржа во ОУ Братсво – Единство –
Лескајца,а победи екипата на ОУ Ванчо
Николески од с. Лескоец. Второто место го освоија учениците од ОУ Григор
Прличев, а третото учениците од ОУ Братство Единство – крст џамија. Младински
Совет Охрид преку донаторот СЛАТКА КУЌА обезбедија освежување за сите учесници
на турнирот. Судии на натпреварот беа Јане Малинкоски и Наум Ситникоски, а
координатор на актиностите Катерина Каневче. Најдобрата екипа ќе учествува на
регионалниот турнир во ГРАНИЧАР кој ќе се оддржи во Гевгелија, по иницијатива
на Младински Совет Охрид.