ПРОМОВИРАЊЕ НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ПОМЕЃУ ДЕЦАТА ВО МАКЕДОНИЈА.
Младински Совет Охрид започна со реализација на промоција
на конвенцијата на правата на детето. Проектот ќе се имплементира во период од
два месеци (Октомври Декември 2009 година) и како пилот фаза се реализира во
Основното Училиште Христо Узунов.
Во досегашниот период, направен е избор на ученици кои
учествуваа натренинг за тренери во
Прилеп и кои спроведоа 6 работилници во ОУ ,,Христо Узунов,, и Угостителското
училиште ,,Ванчо Питошески,, преку кои ја промовираа Конвенцијата на 150
ученика од седмо, осмо одделение и прва година во средно училиште. Одржан е
состанок со локалните власти, на кој е добиена информација дека во рамките на
Советот на општина Охрид нема формирано комисија за правата на детето, распишан
е конкурс за творење на ликовни и литературни творби на теми одредени од неколку членови од конвенцијата во основно
училиште Христо Узунов и договорен е термин за организирање на приредба во
декември месец на која ќе се промовира конвенцијата, ќе се доделат
дипломи за најдобрите ликовни и литературни творби, а исто така ќе се додели и
сертификат за ОУ ,,Христо Узунов“.
Проектот е финансиран одPestalozzi Children’s Foundation и Коалицијата СЕГА.