ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО МАКЕДОНИЈА
Младински Совет Охрид го
реализираше проектот ,,ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО
МАКЕДОНИЈА.
Со реализација на проектот
направен е обид да се создаде објективна слика за имплементација на
Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија во областите
партиципација, образование, легислативна/правна рамка и слобода на
изразување на децата, а врз основа на анализите од државниот извештај наспроти
препораките донесени од страна на Комитетот на Обединетите Нации за Правата на
Детето. Крајниот резултат на проекот е подготовка на
Алтернативен Извештај со формулирани препораки кои ќе бидат презентирани пред
Комитетот за Правата на Децата на ОН во Женева во 2010 година.
Младински Совет Охрид испрати свои претставници на семинар за
анкетари во Прилеп, накој
учествуваатројцаанкетари за регионот Охрид, Струга, Ресен, после што
спроведоа анкетирање на 110 ученици - средношколци и основци (седмо
и осмо одделение). Се спроведе мапирање од страна на 5 мапирачи од Охрид,
Струга и Ресен кои предходно учествуваа на семинар за мапирање. Во трите
градови се мапираа училишта, претставници на Локална самоуправа и
организации кои работат со деца и млади, а исто така се реализираа
и две фокус групи преку кои се обезбедија дополнителни информации во врска
со имплементацијата на Конвенцијата. На фокус групата
со деца учествуваа 15 деца, волонтери на Младински Совет
Охрид, на
возраст од 10 до 12 години со различна етничка припадност и различен успех во
учењето а на фокус група со родители учествуваа 12
родители од Охрид, Струга и Ресен, чии деца се на
различна возраст, со различна етничка припадност и различен социо
- економски статус.Оваа група беше соствена од родители кои се членови
на совет на општините, членови во училишни одбори и челенови во родителски
совети во училиштата.
Младински Совет Охрид како регионална
канцеларија на коалицијата на младински организации „СЕГА„ проектот го
реализираше за Охрид, Струга и Ресен
Проектот е финансиран одPestalozzi Children’s Foundation и Коалицијата СЕГА.