Со почетокот на новата учебна година, Младински Совет
Охрид продолжува со реализација на активностите од програмата за превенција од
психоактивни супстанци - тутун, алкохол и дрога.
Едукативните работилници кои се дел од оваа програма оваа
година ќе се реализира во 9 основни училишта во општина Охрид - Братство
Единство - Лескајца, Братство - Единство Крст Џамија, Христо Узунов, Св.
Климент Охридски, Кочо Рацин со подрачното училиште во с. Горно Лакочереј, Св.
Наум Охридски во с. Пештани, Ванчо Николески во с. Лескоец и Живко Чинго во с.
Велгошти. Едукациите се реализираат по принципот на врсничка едукација, за што
во летниот период беа организирани 4 еднодневни обуки за 18 деца едукатори кои
во изминатиот циклус беа логистичка поддршка на програмата.
Во првото полугодие од оваа учебна година ќе бидат
реализирани 52 работилници на кои ќе се опфатат 530 ученици од осмио одделение.
Исто така ќе бидат организирани и средби со наставници и родители.
Во рамките на програмата ќе се дистрибуираат едукативно
промотивни материјали, на хепенинзи кои ќе се организираат во текот на
годината, а ќе започне да функционира и интернет советувалиштето. Активностите
во рамки на програмата за превенција ќе бидат медиумски поддржани.
Програмата е поддржана од Проаква - Водовод Охрид, а
координаторка на програмата е Наташа Џајкоска.