ДИМЧЕ КАНЕВЧЕ ВО ОПШТЕСТВЕНО ХУМАНИТАРНА МИСИЈА ВО РУСИЈА
На покана на Руската неполитичка организација ГОЛОС, од
29 септември до 3 октомври, Претседателот на Младински Совет Охрид, Димче
Каневче ги посети Руските градови Краснодар и Москва.
Во Краснодар и Москва беа реализирани повеќе средби со
претставници на невладини организации и владини институции, со цел да се даде
пддршка на младите во овие два градови и организациите кои работат на
подобрување на квалитетот на живеење на младите, како и во креирањето на
младинската политика и партиципација на локално ниво.
Од невладините организации Каневче се сретна со ,,Јужен
пат,, ,,Центар за национална култура,, ,, Младинска легија за креативен развој
на личноста,, како и со претставници од одделот за соработка со невладини
организации, религиозни организации и за мониторинг на процесот на миграции,
Советот за развој на граѓанското општество и човековите права, со претставници
на департментот за младинска политика при Министерството за спорт туризам и
млади, како и со претставник на комисијата за меѓународна соработка на
Краснодарскиот регион. Исто така, Димче Каневче оствари средба и со
Директорката на ГОЛОС, организација која работи на мониторинг на изборите во
Русија, со цел да се споделат искуствата пред престојните избори во МОСКВА.
Димче Каневче, во улога на меѓународен експерт,
учествуваше и на прес конференцијата која беше закажана по повод промоцијата на
волонтерската книшка во Русија, како и на прес конференцијата и парадата организирани
по повод денот на студентите.